Попусти на станбениот квадрат на саемот „Купи куќа, купи стан“ во Сити мол

Саемски попусти на станбениот квадрат на саемот „Купи куќа, купи стан“ кој ќе се одржи во Скопје сити мол од 29 октомври до 1 ноември, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- На саемот во Сити мол ќе има изненадување за граѓаните, односно ќе има специјални саемски попусти кои ќе бидат понудени на цената на одделни станови. За Скопје, на пример, станови од Тафталиџе кои сега се продаваат по 1.050 евра по метар квадратен, ќе бидат специјално тие неколку дена понудени по 900 евра за метар квадратен, во Кисела вода станови кои сега се продаваат по 1.100 евра ќе бидат понудени по 900 евра за метар квадратен. Ќе има понуда на станови и во други делови од Скопје кои се со пониска цена, некаде околу 750 евра по метар квадратен, вели Ставрески.
На саемот, освен градежни компании, ќе учествуваат и претставници на Министерството за финансии и банките кои учествуваат во проектот „Купи куќа, купи стан“.
Како што истакна вицепремиерот Ставрески, саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа минатата година исто така во Скопје сити мол, неколкукратно го зголемил интересот на граѓаните. - Тоа овозможи граѓаните да имаат повеќе информации и да се зголеми интересот и бројот на апликации. Имаме 685 граѓани и семејства кои досега ја искористиле можноста да добијат субвенции од Владата кои се движат меѓу 6 и 14 илјади евра во зависност од тоа дали се купува стан или се гради куќа и колкав кредит се зема, вели Ставрески.
За да се приближи проектот до сите граѓани низ Македонија тргна и караванот „Купи куќа, купи стан“ кој по градовите држи презентации.
Ново на Сител
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
-

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено
-

Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“
-

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер
