Попоски: Европа да обезбеди заеднички одговор за мигрантската криза

Европа да обезбеди заеднички одговор, бидејќи ниту една земја не може да го реши проблемот со мигрантите сама, со сопствени ресурси, рече министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ во Луксембург.
- Република Македонија очекува третман од ЕУ како кон земја членка. Солидарноста и споделената одговорност ја истакнуваме како есенцијална. Недостапен е одговор на европско ниво за сегашната миграциска криза. Тенденциите во моментов се дека таа ќе се продлабочува и во бројки и во реални проблеми на терен. Доколку продолжат да опстојуваат одговори само на национално ниво, наскоро може проблемите да ги надминат капацитетите на државите кои се засегнати директно од кризата, предупреди Попоски.
Тоа, дсодаде, може да стане закана и за солидарноста и хуманоста кои мора да бидат главни одлуки во соочување со овие предизвици.
Попоски ги запозна министрите на земјите-членки и на земјите кандидати со актуелната состојба на миграциската криза во Македонија и справувањето на нашата земја со масовниот наплив на мигранти.
Шефот на македонската дипломатија присуствуваше на работниот појадок меѓу министрите за надворешни работи на ЕПП групата на покана на министерот Курц и претседавачот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент Елмар Брок.
Настанот беше искористен за остварување повеќе неформални билатерални средби со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и регионот.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
