Поплавени голем број куќи во Кичево од силните врнежи од дожд
Интензивните врнежи од дожд им создадоа големи проблеми на повеќе жители на Кичево. Така во текот на ноќта се излеаја повеќе реки при што се поплавени стотина домови, голем број на подрумски и помошни простории, но најважно е што нема човечки жртви.
– Дождот кој со мали прекини во кичевско врне три дена, создаде повеќе проблеми на неговите жители. Во текот на ноќта се излеа Зајашка река и ја поплави населбата на улица“ Прилепска“, каде под вода останаа стотина домови.
Водата во текот на денот почна да се повлекува а во поплавените домови остана калта и високата влага. За да им се излезе во пресрет на овие граѓани, дел од нив се згрижени во една спортска сала во градот,каде ќе останат сè додека не се стабилизира состојбата-рече Дашмире Адеми, раководител на ПО на ДЗС Кичево.
Таа посочи дека во текот на ноќта повеќето улици во градот биле целосно поплавени и биле невозможно одвивање на сообраќајот.
Наведе дека се излеал и каналот Иванидол и поплавил повеќе куќи и подрумски простории.
– Во текот на ноќта од силните врнежи од дожд се излеа и каналот Иванидол при што поплави повеќе домови во истоимената населба, како и домови и подрумски простории лоцирани на улица“ Борис Кидрич“-истакна Адеми.
Од надојдената вода се излеа и Беличка река, при што ги поплави соседните ниви и ливади. Штетите од поплавите допрва ќе се утврдуваат.
Ново на Сител
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
