Македонија
22. January 2021 - 16:35

Пописот чека потпис од Пендаровски, претседателот на консултации со правни експерти

Ќе добие ли законот за попис указ од шефот на државата Пендаровски за да стапи на сила? Од кабинетот на Претседателот велат дека законот веќе е кај Пендаровски, но не откриваат дали тој веднаш и ќе го потпише указот за законот имајќи предвид дека имаше свои пораки околу пописот, а направи и консултации за статистичката операција со министерот за правда Маричиќ и директорот на Статистика Симовски.

„Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за попис и во наредните денови ќе го соопшти својот став“, велат од неговиот кабиент.

Според Законот за Собранието, претседателот треба да го потпише указот за прогласување на законот во рок од 7 дена од денот кога ќе му е доставен.

Во меѓувреме од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека наскоро ќе ја активираат инцијативата за граѓански потпеси за предлог-закон за укинување на овој попис.

„Пописот кој СДСМ ќе го спроведе ќе биде се, само не статистичка операција, бидејќи и самата намера на СДСМ и Заев не се статистичките податоци кои ќе се добијат од пописот, туку исполнувањето на желбите на ДУИ и нивната готова проекција за бројноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ коментираат дека инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи пописот планиран за април.

„Формално правно да, меѓутоа затоа реков целата процедура да се истера. Само собирањето на потписи само по себе не значи ставање вон сила на овој Закон.

За евентуланата можност, пописот сепак, да биде одложен поради најавите за бојкот од опозицијата или поради пандемијата, од Владата велат пописот останува во април.

Според законот за попис, граѓанин кој ќе одибе да даде податоци што се бараат од него за пописот или ако даде неточни податоци ќе се соочи со глоба од 200 до 300 евра. Учесниците во пописот или други службени лица кои ќе уништат, прикријат, преправат податоци од пописната апликација можат да се соочат и со затворски казни од најмалку три, односно 5 години затвор.