Loading Video...
Македонија
2. October 2024 - 19:53

Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат

Судскиот совет го поништи огласот за избор на претседател на судот во Кавадарци. Иако огласот е објавен мината година, Комисијата за проверка на исполнетост на критериумите, дури сега увидела дека единствениот пријавен кандидат Лазар Нанев кој досега два пати беше претседател, не може повеќе да биде биран за прв човек на кавадречкиот суд. Според Законот за судови, на раководната позиција, пријвениот кандидат можел да остане најмногу два мандати.

Одлуката на Судски доаѓа во време кога советот води две постапки за одговорнос против Нанев. Првин телефонски комуницирал со обвинет, на кој подоцна му дал ослободителна пресуда, а во другиот случај заради навреди кон претседателката Дамева и давање насоки на членови во советот како да дискутираат и гласаат за негово унапредување.