-->
-->
Полскиот селектор „избега“ дури за Уганда
-->
Ракометната репрезентација на Полска остана без селектор, откако Михаел Биглер, поднесе оставка по дебаклот против Хрватска (23:37). Полска која планираше медал на ЕP на кое е домаќин, на крајот го освои четвртото место во Групата 1 и ќе се бори за пласман на седмото место.
„Јас и само јас сум одговорен за овој пораз. Жал ми е за навивачите. Едноставно не одигравме вистински против Хрватска. Имавме сé што ни беше потребно, но јас сум тој кој потфрли. За мене ова е најтешкиот пораз во кариерата“, рекол германскиот стратег.
Билгер на чело на полската селекција застана пред четири години, а најголемиот успех го оствари пред една година кога на СП во Катар го освои бронзениот медал.
Германецот кој претходно го напушти и тимот на Хамбургер, откако клубот замина во стечај, веднаш најде нова работа. Биглер во иднина ќе работи во Уганда, каде го испраќа Светската ракометна федерација, со цел во оваа земја да ги ‘удри темелите’ за брз развој на ракометот.
По оставката на Биглер, полските медиуми шепкулираат дека негов наследник ќе биде Талант Душебаев, тренерот на Киелце и селектор на Унгарија. Душебаев со Унгарците не се прослави на ЕП, во шест средби забележа само една победа (Црна Гора) и пет порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал