Македонија
26. August 2015 - 9:00

Полската министерка за култура ќе го посети Музејот на современата уметност

Министерката за култура на Република Полска, Малгожата Омилановска денеска на директорката на Музејот на современата уметност во Скопје, Елиза Шулевска ќе и врачи одликување „заслужен за полската култура“.

Омилановска ќе ја посети постојаната поставка и делата од најзначајните полски автори, што во чест на делегацијата ќе бидат изложени во фоајето на Музејот.

Во полската делегација се и заменик директорот на Директоратот за меѓународна соработка Марцин Лапчињски и амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски.