Македонија
25. July 2024 - 19:49

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“ | ВИДЕО

Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваа во гасење на пожарот во реонот на Јасен, соопштија од МВР.

- Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк „Јасен“, стои во соопштението од МВР.