Полицијата уапси три лица во Скопје кои поседувале дрога
Вчера во 10.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.06.2021 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Марино го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.Т.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста