-->
-->
Полицијата спречи незаконит риболов во Охридското и Преспанското езеро
-->

Во периодот од 21.00 вчера до 04.00 изутринава полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК„Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во периодот од 21.00 вчера до 02.00 изутринава полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење, во водите на Преспанското езеро во с.Штрбово и во с.Наколец, на околу 50 метри од брегот на езерото, пронашле рибарски мрежи со улов. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење за онатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
