Македонија
28. March 2024 - 14:12

Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ

На социјалните мрежи се објавени фотографии од средба одржана во училиште, организирана од ДУИ.

Според информациите, на оваа фотографија се полицајци од ПО Кривогаштани, Ропотово, полицајци во управни служби, полициски инспектор, директорот на училиштето…

Според закон, полициски службеници не смеат да членуваат и да застапуваат политички партии, а имаат и забрана да истакнуваат јавно ставови и активности на партиите.