-->
-->
Пол Макартни подготвува нов албум
-->

Поранешниот член на легендарните „Битлси“, Пол Макартни подготвува нов студиски албум. соопшти дискографската куќа „Кепитол Рекордс“, која е одговорна за целиот негов творечки опус по распадот на „Бубачките“.
Во соопштението на „Кепитол Рекордс“ меѓутос не се наведени никакви детали за новиот албум на Макартни, ниту кога тој ќе се најде во продажба.
Макартни од своја страна израви задоволство од соработката со „Кепитол Рекордс“, нагласувајќи дека со неа го врзуваат многу спомени, бидејќи од оваа дискографска куќа потекнувала и првата грамофонска плоча што ја купил во неговиот живот.
Очигледно сер Пол и во 74-та година од животот нема намера да престане професинално да се занимава со музика и да одржува концерти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
