-->
-->
Покренато обвинение против претседателот на ФИФА
-->

Швајцарското обвинителство отвори кривична постапка против претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Јозеф (Сеп) Блатер, објавија во петокот на своите официјални интернет страници министерството за правда и полиција на Швајцарија.
Претходно во петокот беше откажана прес-конференцијата на Сеп Блатер по состанокот на Извршниот комитет на ФИФА, кој се одржа во четвртокот и петокот. Канцеларијата на генералниот обвинител на Швајцарија го испитувала Блатер по состанокот на Извршниот комитет, се наведува во соопштението. Против челникот на ФИФА е покрената постапка поради сомневање за кривична небрежност и проневера.
Според информациите на швајцарското обвинителство, на 12-ти септември 2005 година, Балтер потпишал договор со Карипскиот фудбалски сојуз за продажба на правата на емитување на натпреварите од светските шампионати во 2010 и во 2014 година, кој бил неповолен за ФИФА. Блатер, исто така, е осомничен и дека при потпишувањето на споменатиот договор ги пречекорил своите овластувања и постапил спротивно на интересите на федерацијата.
Покрај тоа, Блатер е „осомничен и за нелегални исплати на челникот на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), Мишел Платини, во износ од 2 милиона швајцарски франци од средствата на ФИФА, наводно извршена во периодот од јануари 1999 до јуни 2002 година и спроведен во февруари“, се додава во соопштението. За ова во канцеларијата на обвинителството информации доставил Платини.
Обвинителството, исто така, извршила претрес во седиштето на ФИФА и во канцеларијата на Блатер, од каде што биле запленети документи.
Кон крајот на мај годинава избувна најголемиот скандал во историјата на ФИФА, кога во Цирих по барање на американските правосудни власти швајцарските полиција приведе седум високо рангирани функционери на организацијата, осомничени за корупција. Вкупно обвиненија се подигнати против 14 поранешни и сегашни фудбалски функционери.
Според министерството за правда на САД, во последните 24 години тие добиле мито во вкупен износ од околу 150 милиони долари. Истовремено беше објавено и дека полицијата во Швајцарија отворила истрага за група неидентификувани лица поради перење пари за време на изборот на домаќините на Светските првенства во 2010-та, 2018-та и 2022 година. Американското обвинителство и швајцарските власти ресно соработуваат во врска со случајот на корупција во ФИФА, но се истакнува дека секоја страна води своја истрага.
Блатер на конгресот на организацијата на 29-ти мај беше реизбран за уште еден мандат на чело на ФИФА, но по четири дена ја објави својата оставка поради корупцискиот скандал. Извршниот комитет на ФИФА на 20-ти јули утврди дека изборот на новиот претседател ќе се одржи на 26-ти февруари следната година, а дотогаш Блатер ќе биде вршител на должноста шеф на организацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
