Појава на одрони кај делчевското село Илиово
Одрони предизвикуваат потешкотии во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Возачи посочуваат дека одроните се најизразени на еден километар пред селото Илиово во правец од Делчево кон Македонска Каменица.
– Одроните се распослани на целиот пат на споменатата делница, при што е присутна опасноста при поминување со поголема брзина. Одроните поради ноќта не се видливи и при моето поминување на оваа делница прилично го оштетив долниот дел од автомобилот, вели возач кој сообраќал од Делчево кон М.Каменица.
Од ,,Македонија пат” која е задолжена за одржување на коловозот, велат дека нивни екипи редовно го контролираат теренот, а кај споменатата делница се работи на расчистување.
– Апелираме сепак возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да се движат на овој патен правец, поради честата ваква појава, велат од ,,Македонија пат”.
Поради појава на слана, на дел од овој патен правец се вози по влажни коловози, уште повеќе според надлежните ја наметнува потребата возачите да возат внимателно
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови