Македонија
15. February 2017 - 9:54

Погледнете какво време не очекува до крајот на неделата

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец.
 
Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени.
 
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.   
 
До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.