Подмладоците на политичките партии потпишаа Декларација за фер избори

Декларација за слободни, фер и демократски избори потпишаа денеска во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори 22 подмладока на политички партии во Република Македонија.
Политичките подмладоци со Декларацијата се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и не посегнување по заплашување на граѓаните да го дадат својот глас за одредена партија, за подобрување на демократската клима во изборниот процес, за јавна осуда на секаков чин на насилство, како и за необјавување клевети, навреди и манипулации.
Потписниците, меѓудругото, се обврзуваат и дека ќе се залагаат за отстранување или минимализирање на говорот на омраза, дека ќе водат чесна и фер медиумска кампања и оти нема да го отстрануваат пропагандниот материјал на другите партии.
Билјана Јанева, извршен директор на Институт Охрид, кој е и организатор на потпишувањето на Декларацијата, истакна дека нејзината важност се темели пред се, како што рече, на фактот дека младите политичари се се погласни во партијата и општеството и оти нивниот глас се повеќе се слуша.
Тие, рече Јанева, се и идните носители на одлуки и предводници на новата генерација политичари кои треба да ги изградат темелите на здравиот политички дијалог.
Претседателот на младината на СДСМ Стефан Богоев, по потпишувањето истакна дека тие на ваков начин се обрзуваат да покажат зрелост и пример како може и како треба да се води политичка кампања. Додаде дека како политички подмладоци треба заедно да се борат за повеќе млади на кандидатскте листи.
Владимир Неловски, претседателот на Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се согласуваат со сите точки во Декларацијата и оти така ќе се однесуваат. Се надевам, додаде тој, дека оваа кампања ќе биде напревар на идеи и проекти, а не на лаги и манипулации.
Нивниот колега од подмладокот на ДУИ, Беким Мемети, истакна дека партијата секогаш се залагала за следење на принципите на кои се темели потпишаната декларација. Ќе се заложуваме, рече, изборите да бидат колку е можно пофер и демократски.
Меметула Демири од Демократската парија на Албанците во Македонија истакна дека ќе го почитуваат одредбите на потпишаната декларација. ДПА ќе го даде својот придонес и кампањата и изборите да бидат во фер и демократски избори.
Ова е вторпат подмладоците на политичките партии да потпишат ваква Декларација. Првпат на ваков документ се потпишаа во 2014 година пред предвремените парламентарни и претседателски избори.
Ново на Сител
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
