Подметнат пожар во прилепската депонија

На прилепската депонија кај селото Алинци синоќа е подметнат пожар. Огнот е ставен под контрола, но, како што информираат од прилепски „Комуналец“, сѐ уште повремено се јавуваат помали огнени јазици за што дежурна екипа на претпртијатието постојано е на терен и ги санира и оштетувањата на депонијата.
Како што велат од прилепски „Комуналец“, пожарот бил подметнат синоќа околу 19.30 часот од западната страна на депонијата каде се одлага текстилен отпад. Очевидец видел две возила без регистaрски таблички.
– Поради можноста и ветровите кои постојано дуваат околу депонијата, дежурна екипа од „Комуналец“ со две цистерни и градежни машини постојано се на теренот и ги санираат оштетувањата на депонијата. Според очевидец од селото Алинци, кој изутрината се јави во „Комуналец“, пожарот го подметнале лица кои со два автомобила биле во близината на депонијата. Кога очевидецот забележал дека текстилниот отпад е зафатен да гори, заминале со бела „Застава 101“, а имало и второ возило. И двете возила биле без регистарски табли, вели Лилјана Силјаноска од приелпски „Комуналец“.
Во гаснењето на пожарот учествувале од пртотивпожарната единица и вработени од Комуналец со расположлива механизација. Полицијата направила увид.
Според „Комуналец“, спречена е катастрофа од поголеми размери. Претпријатието до прилепската полиција поднесе пријава до непознат сторител за подметнување пожар.
На депонијата „Алинци“ годишно се одлагаат 32.000 тони отпад, од кои 690 тони се исклучиво текстилен отпад.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
