Поддршка од 50 милиони евра за енергетски проекти за земјите од Западен Балкан
Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат државите од Западен Балкан од Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст.
Договорите за финансиите ги потпишаа претставници на Европската комисија и на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Банкарскиот концерн Кfw, по сесиите на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, што се одржува денеска во Скопје.
- Предвидените финансии треба значително да му помогнат на јавниот и приватниот енергетски сектор во шесте држави и да придонесат за заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови, оцени еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по потпишувањето на договорите во македонското МНР.
Хан потенцираше дека со овие дополнителни средства земјите од Западен Балкан ќе можат да постигнат 1,6 тера-часови електрична енергија годишно.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека ефектите од доделените 50 милиони евра можат да бидат значително поголеми.
- Со задоволство можам да констатирам дека кај сите шест држави е направен значителен прогрес особено во агендата за поврзување меѓу државите и во делот на физичката инфраструктура во секторот енергетика, но и во правната регулатива, рече Пешевски.
Се прават, како што информира, големи чекори за формирање заеднички пазар за електрична енергија помеѓу шесте држави за што ќе биде потребно првенствено да се хармонизира правната рамка, како и олеснување на трговијата со електрична енергија помеѓу државите.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка