Почнува Штипската пастрмајлијада
Вечерва стартува 16-тата по ред „Штипска Пастрмалијада“. На сцената, која се поставува кај Градскиот стадион во населбата Осми ноември, ќе настапат познати македонски и балкански имиња.
- Традицијата продолжува. Овој викенд Штип ќе биде центарот на Македонија. Очекуваме многу гости, добра забава, многу продадени и изедени пастрмајлии, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Гурманскиот специјалитет годинава ќе се продава по цена од 200 денари, со 250 грама тесто и 150 грама месо. Компаративно со минатогодишната манифестација, годинава угостителите за 30 % повеќе пројавиле интрес за учество на пастрмалијадата, за што се поставуваат триесетина штандови.
- Дефинитивно сите штандови се издадени, дури има и побарување за некои нови кои во последен момент се јавуваат и бараат слободно место да ги изложат своите производи, да го рекламираат својот бренд и правиме напори да можеме на сите да им излеземе во пресрет, да им овозможиме позиција каде ќе го постават својот штанд- Александар Арсовски, член на организацискиот тим на „Штипска пастрмајлијада“.
Првиот човек на градот и годинава очекува голема посетеност од земјава и соседството.
- Очекуваме и оваа година да има десетици илјади посетители на оваа локација каде традиционално веќе неколку години по ред се одржува „Штипската пастрмалијада“- додаде Јорданов
Денес и утре, паркингот во градот ќе се наплаќа до 15 часот, а потоа ќе биде бесплатен на секоја паркинг-позиција.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар