Почнува Саемот за градежништво и недвижности

Скопје, 1 март 2016 (МИА) - На Скопски саем денеска почнува Саемот за градежништво и недвижности на кој ќе бидат понудени над 3.000 плацови и и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
Понудата е од вкупно 110 компании и плацеви од 14 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.
Покровител на Саемот за градежништво, втора година по ред е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа, за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, кои имаат за цел да им се помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом, што се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и за недвижнини.
На Саемот за градежништво годинава ќе учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20 компании. Од странство присутни се од Германија, Турција и Србија.
Се очекува голем интерес за саемот со околу 15.000 посетители. Саемот ќе се одржува во три хали и ќе биде отворен од 10 до 19 часот.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
