Почнува реализацијата на 99 проекти во 75 општини со пренаменетите 35 милиони евра од ТАВ
Вкупно 35 милиони евра ќе добијат 75 општини во земјава за реализирање 99 инфраструктурни проекти. Целта на проектите е да се подобри квалитетот на живеењето на граѓаните, соопштија денеска портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.
Како што истакнаа Арсовски и Хоџа, со 49 милиони евра од кои дел се овие 35 милиони, согласно договорот со ТАВ склучен во 2008 година, требаше да се изгради карго аеродром во Штип, но се донесе одлука за пренамена на средствата по анализата за економската оправданост направена во февруари годинава.
Парите се за реалиација на инфраструктруни проекти: водоводни мрежи, канализации, локални патшита, градинки, основни училишта, системи за водоснабдување, резервоари за вода.
Евентуалната позитивна разлика меѓу планираната и изведбената цена на проектите ќе биде платена на посебна сметка на Генералниот секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на поранешната фабрика „Охис“.
-Владата одлучи 35 милиони евра за 99 проекти да добијат 75 општини. Прв пат над еден милион евра ќе добијат општините Шуто Оризари, Тетово, Кичево, Штип, Чаир, Струмица и Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Градор Скопје ќе има на располагање шест милиони евра за клучката Момин Поток и мостот Карпош. Во општина Тетово со 1,1 милион евра ќе се рекоснтруира училиштетот „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“. И за општина Кичево се предвидени 1,1 милион евра за четири крупни проекти: реконструкција на центарот на градот, капела, центар за кучиња скитници и котлара, информира портпаролот Хоџа, изнесувајќи дел од проектите.
Ново на Сител
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
