Почнува Преспанскиот јаболкобер

Со традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ што ќе се одржи од денеска до 27 септември и симболично откинување јаболко официјално почнува годинашната берба на Преспанското јаболко.
На тридневната манифестација ќе бидат понудени голом број содржини од културно - забавен карактер со настап на балкански и домашни фолклорни друштва, детски музички хепенинг, фолк ѕвезди од македонската естрада, спортски активности...
Вечер ќе се одржат Балкански фолклорни игри и песни, каде покрај од земјава ќе настапат ансамбли од Србија и Бугарија. Следниот ден е посветен на фолк музиката со познати имиња од македонската естрада меѓу кои Наум Петревски, Зуица Лазова, Нино Величковски, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Благица Павловска...
Централната манифестација ќе биде в недела на големиот христијански празник Крстовден, кога симболично ќе биде отсечено првото јаболко и ќе почне бербата на над 100.000 тони преспанско јаболко. На Градскиот плоштад во Ресен ќе се одржи саемска манифестација каде ќе биде изложена механизација, алати и заштитни препарати поврзани со овоштарството, како и производи од јаболка. Паралелно предвидена е и тркалезна маса на тема „Интегрална заштита и современи методи на заштита во производството на јаболкото“.
Завршниот дел од „Преспанскиот јаболкобер 2015“ е резервиран за македонски поп ѕвезди, кога ќе настапат Ламбе Алабаковски, Дарко Илиевски, Влатко Лозановски, Дани Димитровска и Каролина Гочева
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
