Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце.
Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири.
Како што соопшти Канцеларијата во Скопје, ЕУ ја поддржува изградбата на три нови системи за наводнување од мал обем – во Теарце, Пишица и Конопница, со кои ќе бидат опфатени околу 500 хектари земјоделско земјиште во три општини (Теарце, Пробиштип и Крива Паланка). Трите системи, во вредност од 2,5 милиони евра, вклучуваат структури за пренасочување на реките и изградба на мрежи за наводнување во должина од 33 километри и речиси 250 структури за поставување хидранти и водомери.
Системот Теарце е двоен и опфаќа пренасочна структура на реката Бистрица и мрежа за наводнување во земјоделската област на село Теарце. Системот за наводнување е базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток, со што придонесува за здрава почва, што дополнително овозможува здрава и достапна храна.
-Овој пристап „од нива на трпеза“ е во срцето на Европскиот зелен договор, со цел да ги направи прехранбените системи фер, здрави и еколошки, наведува Канцеларијата.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
