Почна вакцинирањето на децата со шествалентата вакцина во Куманово

Од денеска почнува вакцинирањето на децата со шествалентата вакцина, соопштија од Центарот за јавно здравје во Куманово.
Министертвото за здравство во петокот ја дистрибуираше поливалентната односно шествалентната вакцина во Здравствениот дом во Куманово. Вакцинирањето со „Хексаксим“ се спроведува од денеска во Детскиот диспанзер во Здравствениот дом во Куманово, познат како Уред и во амбулантната во „Тоде Мендол“. Надлежните соопштија дека набавени се доволен број вакцини.
- Она што претходно беше задолжително во календарот за имунизација вакцинирање на децата против дифтерија, тетанус, црна кашлица, жолтица тип „Б“, хемофилус инфлуенца „Б“ и детска парализа, сега ги имаме во една вакцина сите овие антигени, така што детето со еден убод веќе може да ги прими овие антигени и да создаде имунитет против овие заразни болести, изјави координаторот за имунизација за североисточниот регион, доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје-Куманово.
Бенефитите од воведувањето поливалентни вакцини се повеќекратни.
Според доктор Стаменковска, се намалува бројката на одење во диспанзерите, се намалува можноста и за несакани реакции кај одредени вакцини особено температура, одложувањето на вакцинацијата поради настанки се скратува, тимовите кои ја спроведуваат вакцинацијата имаат можност да посветат повеќе внимание на превентивните прегледи, да разговараат со родителите и да ги посоветуваат...
Пунктовите ќе ја спроведуваат имунизацијата согласно планот со кој се повикуваат родителите. Децата од градската средина ќе се вакцинираат во Детскиот диспанзер, додека децата од приградските и руралните средини во амбулантата „Тоде Мендол“, како што и беше досега. Лекарите вработени во овие пунктови, како и матичните лекари, педијатрите веќе се запознаени со оваа вакцина, така што останува родителите да ги имунизираат децата.
- Тимовите го знаат календарот и децата се вакцинираат согласно правилникот, изјави Стаменковска.
Ново на Сител
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
-

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
