Почна средбата на премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска со здруженијата на пензионери
Во Клубот на пратеници почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со претставници на здруженија на пензионери.
Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите поради зголемените животни трошоци.
Министерката за труд и социјална политика во гостување на телевизија „Сител“ во средата изјави дека ова не е прифатливо решение бидејќи се доведува во прашање опстанокот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
- Кога зборуваме за линеарното зголемување, 336 илјади пензионери по неколку месеци може да не земат пензија. Овие средства сега не се од Буџетот на ПИОМ. Мора да ја држиме стабилноста на ПИОМ, рече Тренчевска, оценувајќи дека линеарното зголемување на пензиите би било популистичко мерка.
Со деветиот пакет антикризни мерки предвидени се и мерки за пензионерите со ниски примања. Во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари по 1.500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
