Почна изградба на Старски дом во Илинден
Во населбата Илинден денеска беше поставен камен-темелник на Дом за стари лица-Дом за живеење и нега „Втора младост“ со капацитет за згрижување 150 лица. Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4,5 милиони евра, со што ќе се овозможи отворање 30 до 40 нови слободни работни места.
Камен-темелникот го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец.
- Познат е фактот дека меѓу најзначајните надлежности на општината се издвојува Локалниот економски развој и урбанистичкото планирање на просторот, преку кои на инвеститорите што сакаат да основаат свој бизнис им нудиме квалитетни и привлечни локации, меѓу кои е и оваа на која денеска почнува да се гради Дом за стари лица, истакна градоначалникот Стојановски.
Тој додаде дека во текот на последните неколку години се вложени значителни напори за подобрување на конкурентноста и поддршката на приватните инвестиции, што за своја програмска основа го има зајакнувањето на конкурентноста и привлечноста на Општина Илинден како средина која што е поволна за водење бизнис.
Со реализацијата на овој проект, како што се посочува во соопштението од општината Илинден, таа останува на своите трајни определби континуирано да се грижи за потребите на своите жители, реализирајќи ја визијата за подобар живот на сите возрасти граѓани.
- Целта на „Адора инженеринг“ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во Општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот „Втора младост“, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува, да се лекува, да се рекреира, да се забавува и да си го разубави животот, истакна Чифлиганец, додавајќи дека во домот ќе живеат околу 150 возрасни лица.
Тој најави дека се планира ова место да биде рекреативен комплекс кој покрај дом за живеење ќе има и многу други содржини, проект што ќе се реализира во соработка со Општина Илинден и Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот