Почна фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“
Со дефиле по Широк Сокак и со изведба на традиционалното оро „Комитско“, синоќа во Битола почна 45-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Фестивалот „Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на автентината фолклорна традиција. Тоа се важни денови во агендата на секое културно уметничко друштво во Македонија и дијаспората, истакна пратеникот Зоран Илиоски кој во име на покровителот – Собранието на Република Македонија, го отвори фестивалот на фолкорот во Битола.
- Не случајно овој фолклорен фестивал се одржува во очи на големиот и најсвет македонски празник Илинден. Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција. Тоа е важен меѓународен фестивал со богати програмски содржини, фестивал кој најдоследно и највистински ја претставува Македонија и големата Гоцева идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, истакна Илиоски. Ги поздрави присутните гости и посебно македонците иселеници кои како што рече во Битола доаѓаат од сите светски меридијани, пред многу години се откорнале од родните огништа, но не ја забораваат македонската традиција и секоја година се значаен дел на фестивалот „Илинденски денови“.
Во името на градот домаќин, учесниците на фестивалот ги поздрави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, а во името на организаторот НУ Центар за култура-Битола, пригодно обраќање имаше директорот на таа установа Борче Димитровски, и притоа и двајцата ја потврдија поддршката на идејата на основоположниците на фестивалот која датира од1971 година.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со втората фестивалска вечер на која ќе настапат културно уметничките друштва „Бисер“-Кичево, „Весели пензионери“-Пробиштип, „Илинден“-Демир Хисар, „Ѓура Мара“-Миравци, „Дримкол“-Вевчани, „Цветови“-Дедино, „7-ми Септември“-Македонски Брод, „Гоце Делчев“-Битола, и „Копачка“ од село Драмче-Делчево. Во ревијалниот дел ќе настапат фолклорниот ансамбл „Дорулетул“ од Тулчеа, Романија, фолклорниот ансамбл од Биалисток-Полска и КУД „Севдах“ од Врање-Србија.
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција