Почна четвртата рунда руско-украински преговори
Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.
Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции.
„Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина“, изјави еден од украинските преговарачи Михаило Подољак, пренесоа британските медиуми.
Украинската позиција останува непроменета во инсистирањето на прекин на огнот пред да се случат разговори за идните односи, рече тој во објавата на социјалните мрежи и видеото што го придружуваше.
„Преговори. 4-ти круг. За мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Тешка дискусија“, напиша Подољак, додавајќи дека верува оти Русија „се уште е во заблуда дека 19-дневното насилство врз украинските мирни градови е правилна стратегија“.
Ново на Сител
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
