Почна 73. филмски фестивал во Венеција

Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 73. по ред, отворен е синоќа со филмот „La la Land“ со Рајан Гослинг и Ема Стоун во главните улоги.
Станува збор за ретро џез мјузикл, кој говори за маките и среќата со кои се соочуваат оние кои ги следат своите соништа, а според првите критики, Гослинг и Стоун брилијантно ги одиграле своите улоги.
По отворањето на фестивалот, во знак на почит кон жртвите од земјотресот во централна Италија, синоќа не беше одржана традиционалната гала вечера и прием, пренесува Хина.
Филмот „La la Land“ на режисерот Демијен Шазел е еден од 20-те во конкуренција за наградата Златен лав. Денеска следува проекција на филмот „Les beaux jours d`Aranjuez“ на Вим Вендерс, а станува збор за адаптација на драмата на австрискиот писател Петер Хандке.
Во главната конкуренција на најстариот филмски фестивал во светот, ќе биде прикажан и филмот на Теренс Малик „Voyage of Time“, документарец за вселената, во кој наратор е Кејт Бланшет, а потоа трилерот на модниот дизајнер Том Форд „Nocturnal Animals“. Во конкренција е и „Jackie“, биографски филм за Џеки Кенеди, која ја глуми Натали Портман, потоа „On the Milky Road“ на Емир Кустурица со Моника Белучи, како и „Paradise“ на Андреј Кончаловски.
Вон конкуренција ќе биде прикажана и драмата на тема Втората Светска Војна „Hacksaw Bridge“ во режија на Мел Гибсон, како и римејкот на класичниот вестерн „Седумината величенствени“.
Златен лав за животно дело ќе прими францускиот глумец Жан-Пол Белмондо и полскиот режисер Јержи Сколимовски, додека посебни проекции ќе бидат посветени на режисерите Мајкл Чимин и Абас Киаростами, кои починаа во јули.
Деветчленото жири го предводи британскиот режисер Сем Мендес, а одлуката за наградите ќе биде објавена на последниот ден од фестивалот, на 10 септември.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
