Македонија
10. December 2016 - 10:48

Почина Елмаз Докле,борец за правата на Македонците во Албанија

Во 77-та година од животот синоќа ненајдејно почина Емаз Докле,еден од најголемите активисти и борец за правата на Македонците во Албанија.

Веста за неговата смрт ја објави електронското издание на единствениот весник на Македонците во Албанија „Илинден“.

- Елмаз Докле е роден на 19 август 1939 година во Борје,област Гора, каде завршил основно училиште. Од 1968 година до 1998 година работел како раководител на катастарот во областа во Кукс. Неговиот живот е поврзан со три места на живеење, Борје, Драч и Кукс. Во 2010 година ја објави книгата "Борје и Борјани" монографија која беше многу добро прифатена од страна на јавноста. Тој неодамна ја објави монографија "Стариот  Кукс" а зад себе остави многу други дела во ракопис за областа Гора и неговите Македонци од оваа област, пишува весникот.

Покрај неговата публицисктичка дејност Елмаз Докле, беше еден од основачите на македонското друштво „Гора“,кое се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во оваа област, која опфаќа девет села распослани во северниот дел на Албанија.

- Заминувањето на Елмаз Докле е голема загуба како за неговото семејство, така и за македонската заедница во Република Албанија. Македонците во Гора загубија еден од најголемите поборници за остварување на нивните права, вели Никола Ѓурѓај,познат македонски публицист, новинар и претседател на македонсото друшво “Илинден“ со седиште во Тирана.