Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески

Во Тетово денеска на 75-годишна возраст почина Александар В. Настески, академски сликар и уметник. Роден е во 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Бил член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 година, како и на Здружението на ликовни уметници од Тетово, а учествувал на заедничките изложби на двете друштва.
Во странство учествувал на меѓународни изложби во Париз, Кањ-сур-мер во Франција и во Капо ди Понте во Италија. Учествувал на Меѓународниот симпозиум за карпеста уметност Валкамоника во Капо ди Понте- Италија во 2011 год. со свој труд и своја изложба, а во 2013 со свој труд, додека во 2018 год. е учесник на Конгресот на интернационална федерација за карпеста уметност со свој труд.
![]()
Настески минатата 2022 година по повод Денот на ослободувањето на Тетово доби Признание – 19 Ноември за животно дело во областа во областа на уметноста. Во 2021 година со пригодна изложба со своите дела во Уметничката галерија во Тетово одбележа 50 години ликовно творештво.
Тетовскиот академски уметник прва самостојна изложба имал во Уметничката галерија во Тетово во 1971 година, две години по завршувањето на Педагошката академија во Скопје.
Погребот е утре, во петок во 13 часот.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
-

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
-

Почнува пролетта
-

Променливо облачно со сончеви периоди
