Поблиска соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет за севкупна стабилност на економијата
Соработката и координацијата помеѓу централните банки и фискалните совети, коишто се независни институции што ја надгледуваат фискалната политика, се од суштинско значење за постигнување севкупна економска стабилност. Усогласеноста на макроекономските политики, размената на податоци и постигнувањето долгорочна одржливост се придобивките од соработката помеѓу овие две институции. Оттука, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите, Ана Митреска и Фадил Бајрами, на средбата со Фискалниот совет, сочинет од претседателот на Советот, Глигор Бишев и членовите, академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, професорка на Економскиот факултет при УКИМ, се заложија за непречена размена на информации и соработка заради одржување на стабилноста на економијата и на финансискиот систем.
Како што соопшти Народната банка, на средбата е истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу централната банка и Фискалниот совет е предност при донесување одлуки засновани на податоци и факти и придонесува за подобро толкување на целокупниот економски пејзаж.
Двете институции имаат за цел да обезбедат долгорочна стабилност на економијата, при што фискалните совети би го постигнале тоа преку оцена на одржливоста на јавните финансии, додека централните банки се засегнати од влијанието на фискалните политики преку ценовната и финансиската стабилност, стои во информацијата од централната банка.
Фискалниот совет е избран од страна на Собранието, додека по еден член предлагаат Народната банка, Македонската академија на науките и уметностите и Државниот завод за ревизија. Целта на Советот е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост.
Ново на Сител
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд