Тенис
13. September 2016 - 13:11

Победа за стартот од турнирот во Добрич за Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа победа во 1.коло од фјучрс турнирот во Добрич, Бугарија.
 
Таа денеска ја победи Миријам Бјанка со 2-0, во двата сета по 6:4.
 
Ѓорческа која на овој турнир е трета носителка во следното коло ќе игра со подобрата од мечот меѓу втората македонска тенисерка Магдалена Стоилковска и Французинката Лу Броле.
 
Наградниот фонд на фјучрсот во Добрич е 25.000 долари.