Македонија
22. March 2023 - 16:32

По Стејт Департментот и ЕУ амбасадорот Гир со критики за реформите во судството

По остриот извештај на Стејт Департментот за македонското судство и степенот на висока корупција во земјата, денеска и Брисел со барање итно да се спроведат реформи кои ќе ја вратат довербата на јавноста во судскиот систем.  Евроамбасадорот Гир потсети дека без ефикасен правен систем нема напредок на патот кон ЕУ.

Опозицијата го поздрави извештајот на Стејт Депарметнтот  како  објективен. За ВМРО-ДПМНЕ критиките за  владината и судска корумпираност,  а тоа, како што посочуваат,  го потврдуваат и граѓаните кои имаат најниско ниво на доверба токму во правосудниот сектор.

Отсуството на судска независност и драстично намалена доверба - најниско измереното ниво на доверба во правосудниот систем од независноста на земјата, односно само четири отсто само ги покажува вистините кои сите ние ги живееме секој ден.

Извештајот ја лоцира и одговорноста. Екстремно ниската доверба на јавноста во судството се должи на значителна судска корупција, затоа што судиите намерно ги одложуваат судењата или апелационото разгледување за да овозможат стапување на сила на институтот застареност.

И за ова не е виновно само правосудството, јасно е дека е виновна Владата.

Владеењето на правото и борбата против корупцијата со години се број еден проблеми ги посочува мегународната заедница, а истата тема е клучна и за преговарачкиот процес  со ЕУ.