По реакција и барање на ЕРТ променета кратенката МКД на вчерашниот ракометен натпревар
Грчката државна телевизија ЕРТ, по реакциите во медиумите за употребата на кратенката МКД, на вчерашниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија, излезе со соопштение во кое објаснува дека преносот и графичкиот дел го реализирала надворешна продуцентска куќа, а не ЕРТ.
По барање и реакција на грчката државна телевизија, продуцентската куќа на кајронот со резултатот ја промени кратенката МКД во ФИР.
-Спортските сектори на ЕРТ и ЕРТ 3 брзо интервенираа и ја контактираа компанијата, по што овој проблем се коригираше додека траеше преносот и репрезентацијата на ПЈРМ беше заведена како ФИР. Во секој случај, надлежните служби на ЕРТ темелно ќе го испитаат ова прашање, со цел да се спроведат сите предвидени процедури за да се префрлат можни одговорности и да се покрене дисциплинска постапка, доколу биде потребно, соопштуваат од грчката државна телевизија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, ракометниот натпревар меѓу Грција и Македонија се пренесуваше во живо на ЕРТ3, односно на третиот канал на грчката државна телевизија. На почетокот на натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме нашата земја беше заведена под кратенката МКД. Пред крајот на првото полувреме, на неколку минути целосно исчезна кајронот со резултатот и времето, по што се појави нов, коригиран со кратенката ФИР.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово