По Полска, и Чешка бара преземање мерки од Британија против напади од омраза во земјата
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка телефонски побарал од неговата британска колешка Тереза Меј да преземе мерки против нападите од омраза против странците од земјите на Европската унија (ЕУ).
Соботка смета дека се зголемуваат и нападите врз Чеси, по убиството на еден Чех минатата недела во Лондон, јави дописникот на МИА од Прага.
Во август толпа од луѓе во местото Харлоу убиле еден Полјак наводно затоа што зборувал на својот мајчин јазик и решавање на зачестените напади побара и Полска
- За чешката Влада е неприфатливо Чесите да бидат напаѓани заради нивното потекло и да бидат третирани како граѓани од втор ред, оцени Соботка додавајќи дека од Меј побарал да го информира какви мерки ќе преземе Владата за да не се повторат инцидентите.
Триесет и едногодишниот Чех починал, по напад на неколку момчиња на кој му претходела радправија во ресторан. Во врска со нападот биле приведени три лица, а еден е осомничен за убиство.
Аналитичарите и дипломатите коментираат дeка нападите се политички мотивирани и упатени кон доселениците во Британија, по промената на атмосферата во земјата по Референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ.
Шефот на чешката полиција Томаш Тухи најави можност на улиците на британските градови да се појават чешки полицајци доколку безбедносната ситуација се влоши.
Чешкото Министерство за надворешни работи пак, веднаш по убиството на Чехот соопшти дека нападот не го смета за политички.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект