По министерот за внатрешни работи си заминуваат уште тројца други
По денешната средба на премиерот на Албанија Еди Рама со министрите од редовите на Социјалистичката партија и партиските кординатори на дванаесете околии, потврдено е заминувањето на уште тројца министри, јави дописникот на МИА од Тирана.
Така, освен првиот полицаец Саимир Тахири, заминуваат и Илир Беќја,министер за здравство, Бледи Чучи, за локална самоуправа и национален координатор за антикорупција и Бленди Клоси, министер за социјални работи.
Спорад партиските образложенија, министерите ќе бидат задолжени за кампањата за јунските парламентарни избори и тоа Тахири за околијата Тирана, Клоси за околија Берат, Чучи за Ѓирокастро и Беќај за околиите Кукс и Тропоја.
Експресно на веста за заминувањето на министрите реагираше лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, нарекувајќи ги „грозна карикатура“
- Она што се случува неколку метри подалеку од нас е една грозна карикатура на самонаречената Преродба. Тој изгради опасен сојуз. Тоа е сојуз меѓу политиката и криминалот. Ова е криминалот на оваа партија, изјави Баша посочувајќи дека не е задача на Рама да ја наполни својата канцеларија со „ќупови од кал“.
Опозицијата, која веќе 23 дена протестира пред Владата во Тирана, синоќа заминувањето на Тахири и најавите за нови смени го одбележа со оро и песна, во знак на „почетокот на крајот на криминалната Влада
Ново на Сител
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино
-
Кривична против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица за „злоупотреба на службената положба“