-->
-->
По апсењето пејачот се „брани“: Не можам да пеам без кокаин
-->
Синан Сакиќ, српски пејач на народна музика кој беше уапсен откако во неговата долна облека биле пронајдени 2,3 грама кокаин, изјави дека дрогата му била потребна бидејќи одел на концерт.
Тој пред полицијата се бранел дека оди на концерт во Босна и поради тоа му бил потребен кокаинот.
Тој неодамна бил гостин на концерт на Драган Којиќ Кеба во Лозница, каде што, според зборовите на публиката, едвај го издржал настапот. Публиката забележила дека бил дрогиран.
Неговиот син Рашид е осуден на 12 години затвор бидејќи во Лозница во 2002 година го убил Драгољуб Деспотовиќ, а се обидел да го ликвидира Радомир Лазиќ. Бил апсен и претходно под сомнение дека е еден од шефовите на организиран криминал во Лозница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство
-
Голем пожар беснее во Измир
-
ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното
-
20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики
-
Обид за убиство во Струмица - Кривична за четири лица меѓу кои и малолетник
-
Директорка на државен ученички дом во Битола проневерила 202.500 денари
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница