Македонија
11. September 2022 - 10:52

По 5-ти пат во Скопје ќе се одржи СКУПИ КамерФест

Следниот понеделник, 12ти септември, како дел од програмата на Меѓународниот Фестивал за Класична Камерна Музика "СКУПИ КАМЕР ФЕСТ", ќе се одржи концертот "Balkan Art Stage". 
 
 “Balkan Art Stage" им носи на љубителите на класичната музика 12 активни, реномирани инструменталисти од 8 различни балкански земји, кои во својата професионална кариера се реализирале како концерт мајстори на оркестри, слисти, универзитетски професори. 
 Меѓу нив се: Љубиша Јовановић (Република Србија); Марија Ѓошевска; Гиота Ксенариоу (Република Грција); Бојан Илкоски; Невила Калаја (Република Албанија); Сихана Бадивуку; Рон Бакали (Република Косово); Сандра Белић (Република Србија); Милан Нинковић (Република Србија); Стефанија Јанкова (Република Бугарија); Ева Радоми Караџа (Република Босња и Херцеговина); Блерим Груби.
         
На програмата на овој концерт, кој ќе се одржи во Камерната сала на Националната Македонска филхармонија, во 19:30 часот се дела од творечкиот опус на композиторите: В. А. Моцарт, Л. ван Бетовен, Ф. Борн и Р. Шуман. 
 
"СКУПИ КАМЕР ФЕСТ" е фестивал за Класична Камерна Музика којшто веќе го слави својот 5ти јубилеј, а оваа година и брои рекордни 8 концерти. 
Нивната програма можете да ја проследите на Фејсбук страницата: www.facebook.com/SKUPIKAMERFEST