По 14 дена прозбореа преживеаните од авионот - само неколку минути пред падот...
Рафаел Хензел е бразилски новинар, еден од 6-те преживеани патници на летот за Меделин на кој на 29.11 загина фудбалерите на Чапекоензе, а вкупно настрадаа 71 патник.
Тој се присетува на кобниот лет, еве што се случувало.
- Се беше нормално на летот, атмосферата сјајна во авионот, се присетува. Играчите дури се сликаа додека летаа...
- Но дојде до турбуленции и стујардесата го вклучи алармот. Летот беше продолжен за 10 минути и веќе тогаш почнавме да прашуваме дали е се во ред. Пилотот се огласи и рече дека треба да слетаме за десет минути. И така неколку пати повторуваше, се присетува новинарот.
Но, патниците не знаеа дали авионот останува без гориво и дека се приближува трагедија.
- се исклучија сите светла во авионот, а никој не ни кажа што се случува. Не знаевме дека повеќе нема гориво и дека мораме присилно да слетаме. Во авионот завладеа тишина. Моторите престанаа да работат, беше стравично. По некоја минута, авионот удри во тлото, раскажал бразилскиот новинар.
Неговото молење за помош го слушнала спасувачката екипа.
- Седев со двајца колеги бев во средина. Тие загинаа. Неверојатно како преживеав јас, рекол човекот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава