Пленковиќ: Меѓувладина конференција ЕУ – Македонија до крајот на годинава
Хрватска црврсто ја поддржува Македонија како држава – кандидатка за членство во ЕУ и очекува до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција заради отворање на преговорите, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Загреб.
Според Пленковиќ, Хрватска е подготвена да продолжи да и помага на земјава во реформите и исполнувањето на потребните услови за членство во Унијата.
-Хрватска црврсто ја поддржува Македонија како држава – кандидатка за членство во ЕУ и очекува дека брзо ќе почне процесот за отворање на преговорите. Хрватска очекува дека до крајот на годината, за време на германското претседателство со ЕУ, ќе биде свикана Меѓувладината конференција заради отворање на преговорите, истакна Пленковиќ.
Хрватскиот премиер изрази задоволство од Извештајот на ЕК објавен во почетокот на месецов во кој се нотира дека земјава остварила стабилен напредок.
На средбата Пленковиќ – Османи е констатирана и добрата економска соработка меѓу двете земји при пто е најавено дека наскоро ќе се одржи деловен форум за дополнително да се поттикнат економските односи.
Шефот на македонската дипломатија денеска, рамки на работната посета на Република Хрватска, се сретна и со својот колега, министерот за надворешни работи на Хрватска, Горан Грлиќ Радман.
Посетата на Хрватска следи по Словенија, каде Османи вчера имаше средби со државното раководство од кое, исто така доби силна поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. И Словенија испрати јасна порака за одржување на Мешувладината конференција до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава