Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија

Интернет платформата ptici.mk, која ја одржува Македонското еколошко друштво (МЕД), за неполни две години собра над 34.000 податоци за видовите птици во Македонија од 30 активни корисници.
Платформата се состои од веб-сајт на кој се прикажуваат наодите за птиците и андроид апликација што се користи како алатка за собирање на податоците. Во моментов преку неа се евидентирани 287 видови птици.
Како најнови видови од почетокот на оваа година се забележани големиот црноглав галеб, белочелната гуска и златното блатарче, додека египетската гуска и големиот славеј за првпат се регистрирани во Македонија.

Биологот-орнитолог и заменик-директор на МЕД, д-р Методија Велевски, вели дека се задоволни од досегашните резултати од користењето на оваа современа алатка за прибирање податоци за птиците на целата територија на државата.
- Досега има над 34.000 податоци и 30 активни корисници. Благодарение на работата на апликацијата се зголеми бројноста на видови, а истовремено се регистрираа ретки птици. Значајно е дека ptici.mk е интегриран во Европскиот портал на птици. Исто така, за сите волонтери кои се пријавиле правиме обуки за набљудување бидејќи корисникот треба да знае што внесува. Моментално имаме десттина луѓе кои се доброволци, истакна Велевски.
На платформата ptici.mk е наведено дека таа служи за поддршка на растечкиот број на набљудувачи на птиците, односно унапредување на граѓанската наука, со користење на модерни алатки за собирање и обработка на податоци. За набљудувачите потребно е и одредено предзнаење, односно апликацијата не е наменета за апсолутни почетници, иако и ним ќе им го олесни навлегувањето во светот на птиците, се вели на веб страницата.
- За почетниците препорачуваме „старомоден“ пристап, со користење на теренски бележник, барем додека не ја совладаат идентификацијата на најчестите видови птици. Неопходна алатка за запознавање на птиците е теренски водич, во дигитална, или подобро во печатена верзија, во кого освен што ќе гледате цртежи и фотографии и ќе се обидувате да ги пронајдете најсличните со „вашата“ птица, има и текстови што ќе треба да ги прочитате, а со време и да ги запаметите, наведуваат авторите на платформата.

Данка Узунова, проектен координатор во МЕД, вели дека најмногу корисници на апликацијата имаат од главниот град, но сепак податоци се прибираат од цела држава.
- Апликацијата ptici.mk бележи стабилен раст на корисници, кои секојдневно внесуваат податоци за набљудувани птици од различни локалитети низ Македонија. Иако најголемиот број активни корисници се од Скопје и неговата околина, платформата постепено се користи и во други региони, објаснува Узунова.
Платформата ptici.mk е одржувана од Македонското еколошко друштво, преку Фондот „Sigrid Rausing”, а како дел од проект кофинансиран од Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
