Пјонгјанг упати нови остри закани кон САД

Американскиот претседател Доналд Трамп со своите изјави ја прави „неизбежна посетата на севернокорејските ракети на целата територија на САД“, порача во Њујорк министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг-хо.
– По долготрајна и тешка борба стигнавме на неколку чекори до нашето преминување во нуклеарна сила, изјави синоќа Ро во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Ри остро го критикуваше обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН, во кое тој упатни остри закани кон Пјонгјанг и северонокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, оквалификувајќи го американскиот претседател како „луд човек“, „мегаломан“ и „една од најголемите закани за мирот“.
– Неговите несовесни и бесни зборови го навредија исклучителното достоинство на Северна Кореја и ја осквернавија оваа света арена на ОН, рече Ри, доадавјќи дека на лидериското место во САД се наоѓа „претседател Зло“.
На ваквите изјави Трамп реагираше со пост на Твитер, порачувајќи дека ако Ри продолжи да ги повторува збровите на „малиот човек-ракета“, алудирајќи на севернокорејскиот лидер Ким, „нема да ги има уште долго“ ни двајцата.
– Штотуку слушнав што рече министерот за надворешни работи на Северна Кореја пред ОН. Ако тој продолжи да ги повторува мислите на малиот човек-ракета, нив нема да ги има уште долго, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
