Пирс Броснан: Џејмс Бонд никогаш нема да биде геј

Пирс Броснан не верува дека продуцентите би рекле „да“ Џејмс Бонд да биде геј.
Актерот кој го играше најпознатиот таен агент во четири филмови (1995-2002) смета дека е можно Идрис Елба да биде прв црн таен агент 007, но смета дека продуцентите се пофлексибилни кога станува збор за боја кожа отколку за сексуална ориентација на Бонд.
- Мислам дека Барбара Броколи (продуцент на секој филм за Бонд од 1993 година) не би дозволила геј Бонд да се појави кога било. Сепак, тоа би било интересно за гледање, вели Броснан.
- Елба има изглед и харизма, но мислам дека Даниел Креиг ќе се задржи уште некое време како главен актер, вели Броснан.
Креиг потпиша договор за уште едно продолжение по филмот Spectre кој треба во кино салите да се прикажува оваа година.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
