Пиоли во одбрана на Татарушану: Грешките се дел од фудбалот
Романскиот голман Чипријан Татарушану, синоќа застана на голот на Милан на средбата со Рома (3:3), но не го замени достојно Донарума кој има коронавирус. Романецот направи неколку грешки, некои од нив резултираа со гол на ривалот.
Сепак, тренерот на „росо-нерите“ застана во заштита на Татарушану.
– Одам дома задоволен од играта, но не може да се скрие фактот дека играчите не беа задоволни од ремито. Игравме против силен противник. Овој натпревар не натера да размислиме дополнително. Нашата соблекувална има позитивна атмосфера полна со хармонија. Секој ден се трудиме најдобро. Ми се допаѓа тимскиот дух. Во однос на одлучноста не сме инфериорни во однос на никого. Неопходно е да се продолжи со придржувањето кон оваа позиција. Грешките се дел од фудбалот, Тетерушану ја промаши топката. Тој е силен голман, ова беше неговото деби, истакна Пиоли за „Sky Sport“.
Милан по пет кола е лидер во Серија А со 13 бода.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар