Петровска: Припадниците на Армијата од ноември со зголемени плати
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на „Криволак“ на одговор на новинарско прашање информираше дека платите на сите припадници на Армијата, воен и цивилен персонал, од ноември ќе се зголемат за над 2.000 денари и дека тоа било уште еднаш потврдено на вчерашната средба со четирите синдикати во Министерството и Армијата.
„Вчера одржавме конструктивна среда со претставниците на сите четири синдикати, каде уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено, а тоа е дека од први ноември ќе следи покачување на платите на сите припадници на Армијата и воени и цивилни лица за нешто над 2000 денари“, рече министерката.
Министерката посочи дека имајќи го предвид местото на припадниците на Армијата во општеството, тие го заслужуваат ова покажување, а дијалогот за подобрување на армискиот стандард продолжува и во иднина.
„Изминатиот период се направи многу во однос на подобрувањето на условите за припадниците на Армијата, но тоа не значи дека треба да застанеме, напротив за придонесот на припадниците на Армијата во општеството треба да биде и соодветно возвратено. Од тие причини дијалогот со сите четири синдикати ќе продолжи и во иднина, а мојата врата за нив е секогаш отворена“, порача министерката.
Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
