-->
-->
Петмина повредени во руски напад врз Одеса
-->
Најмалку пет лица се повредени вчера и ноќеска во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија локалните власти.
Меѓу повредените има и петнаесетгодишно момче, соопшти градоначалникот Хенадиј Труканов. Иако противвоздушната одбрана собори две ракети, нивни остатоци паднале на улиците и зградите.Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното редовно видео обраќање повторно ја повика меѓународната заедница за помош во заштитата од ракетни напади.
– Главна цел на непријателот во овој ракетен терор е нашиот енергетски сектор, рече Зеленски.Украинската енергетска компанија Укренерго соопшти дека се неопходни кратења на снабдувањето во источниот регион Харков. Енергетската мрежа е под закана и во Одеса и во регионот Хмељницки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг