Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на КОВИД-19
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава. Тоа, рече, ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.
Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.
-Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет, рече Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител.
Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.
-Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, денеска разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока, рече претседателот на Комисијата.
Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи Петличковски, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, нагласи, ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.
Ново на Сител
-
Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор
-
Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
-
Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
-
Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво
-
Зеленски се закани со напади врз Кремљ
-
Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
-
Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија
-
Сиљановска - Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство