-->
-->
Петков: Со Република Северна Македонија подготвуваме заедничко чествување за Гоце Делчев
-->
Бугарскиот премиер Кирил Петков за БГНЕС изјави дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Македонија и рамковната позиција.
– Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во Републик Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време, изјави Петков.
Според него вистинската работа сѐ уште не е завршена.
– Организиравме календар за состаноци на секои седум дена. Ме радува што дури и Историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели, рече Петков и додаде:
-За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со Република Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога