Пет милиони евра од ИПА-фондовите за реконструкција на 11 станици на Коридорот 10

ЕУ преку ИПА фондовите има инвестирано околу пет милиони евра за реконструкција на 11 железнички станици на Коридорот 10, кој го смета за приоритетен како дел од проширувањето на мрежата на Трансевропски транспортни коридори во Западен Балкан.
Ова се наведува во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ и на Министерството за транспорт и врски.
- Изминативе години Делегацијата на ЕУ тесно соработуваше со Министерството за транспорт и врски во унапредувањето на железничката мрежа во земјата со цел да се подобри движењето на лица и стока низ главниот Коридор 10. За таа цел ЕУ преку ИПА фондовите инвестираше околу пет милиони евра во реконструкција на 11 железнички станици на Коридорот 10, вклучувајќи ги оние во Скопје, Велес и Демир Капија. Европската унија е свесна за важноста на овој проект за доброто на граѓаните на земјата со оглед дека железничката мрежа е една од главните крвотоци за идниот развој на земјата. Коридорот 10, како дел од проширувањето на мрежата на Трансевропски транспортни коридори во Западен Балкан, е еден од приоритетите на Европската унија, стои во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ и на Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
